Во контекст на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот КОВИД-19, Општина Кисела Вода обезбеди мобилен тим кој ќе им помага на ранливите категории граѓани за време на викендот. Во сабота и недела, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот број 072/314-976, информираат од Општина Кисела Вода.
Услугата е обезбедена од страна на Општина Кисела Вода и доставата ќе биде бесплатна.
За време на викендот, дежурна аптека ќе биде аптеката „Зегин”- Драчево 1, лоцирана на ул. Димитрија Чуповски бр. 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 07:30 до 15:00 часот.
Општината работи со изменето работно време-од понеделник до петок, од 08:00 часот до 13:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.