Град Скопје од овој викенд ќе почне со авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24 мај, дезинсекција против возрасни форми на комарци од земја.

Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 22 и на 23 мај 2021 година, во раните утрински часови, додека прскањето од земја против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 24 до 28 мај, 2021 година, во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – велат од Градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.