Ветерот кој вечерва протатни низ Скопје зад себе остави пустош. Скршени и бутнати дрвја, кров, превртени контејнери. Откако ветерот се смири, на терен излегоа комуналните служби кои заедно со екипите од ЈП „Паркови и зеленило” ги расчистуваат скршените гранки, дрвја и предмети од силниот ветер во Скопје.
Од општина Карпош нагласуваат дека акцијата за расичистување ќе продолжи и во утринските часови.

Притоа беше повторен апелот на Град Скопје да се избегнувае паркирање на возилата под големи крошни на дрвја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.