Во скопската Општина Карпош, кандидатот на СДСМ Душко Весковски очекува победа во вториот круг од локалните избори и вели дека ја слушнале пораката на граѓаните.

На овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата. Нема празни ветувања, туку реални проекти за задоволување на потребите на сите граѓани, реални проекти за чиста, хумано-урбанизирана општина, за економски напредок, за подобро денес, за уште подобро утре, вели Весковски.

Тој ги повика сите граѓани, определени и неопределени, граѓански здруженија, коалиции, да излезат масовно во вториот круг од локалните избори и со тоа, како што вели, ќе му донесат победа.

Противкандидат на Весковски во вториот круг на 31 октомври ќе биде лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Весковски во првиот круг освои 9.296 гласови или 2.466 повеќе од Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.