На овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата, вели денеска Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ.

Од досегашните 97 отсто обработени гласови од ДИК,тој е во водство по првиот круг со освоени 9.351 глас или 33,51 проценти од сите гласови. Втор е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски кој има 23,91отсто од гласовите.

Драги карпошанки и карпошани
Уште еднаш покажавме и докажавме дека Карпош, го сака и го заслужува само најдоброто.
Ви благодарам што несебично и во голем број излеговте и го остваривте своето право на глас во фер и демократска атмосфера, потврдувајќи го својот избор за НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ.
На овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата.
Нема празни ветувања, туку реални проекти за задоволување на потребите на сите граѓани, реални проекти за чиста, хумано-урбанизирана општина, за економски напредок, за подобро денес, за уште подобро утре.
Ги повикувам сите граѓани, определени и неопределени, граѓански здруженија, коалиции, единствени и обединети, во вториот круг од локалните избори, едногласно да го избереме бројот 12 и да го потврдиме НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.