Чаирчани, нас ни треба функционална општина, функционална градска администрација, стручни луѓе коишто ќе ги решаваат нашите проблеми и потреби и затоа да не чекаме 5, 10 или повеќе години како што е пракса во изминатиот период. На Чаир му треба здрави и кадарни луѓе – менаџери кои знаат да работат и ќе работат само за потребите на граѓаните, луѓе кадарни за промени и победи, изјави Ѓоко Велковски, носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ за општина Чаир на вечерашниот митинг.
Велковски потенцира дека гледајќи ја енергијата на чаирчани вечерва, убеден е дека на 17-ти октомври сите уште рано наутро ќе излезат и без двоумење ќе го дадат својот глас за советничката листа на Чаир, на Скопје, за кандидатот за градоначалник на општина Чаир – Беким Сали и за Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје бидејќи токму тие се лушето за големи проекти и луѓето кои ќе донесат големи промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.