Санација и ремедијација на Парк депонијата, втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези – Лепенец!, ветува Роберт Вељановски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во скопската општина Карпош.
За време на мандатот на актуелната власт на општина Карпош и град Скопје, од ова со закон заштитено подрачје исцрпен е песокоти чакалот, а закопан е градежен материјал, шут, бараките Медицинар, азбестни плочи и громобрани.
Од овие бунари, кои се само на 50-тина метри од Парк депонијата, карпошани и скопјани пијат вода во периодите кога изворот Рашче нема доволна издашност да ги задоволи потребите за питка вода на град Скопје.
За ова злодело, поднесена е соодветна кривична пријава, која е закопана во некоја фиока на македонското обвинителство.
Вашиот глас е гласот кој ќе одлучи дали овој простор ќе се санира и врати во првобитната состојба, а оние кои се одговорни ќе се соочат со лицето на правдата.
Вие одлучувате за Вашето здравје и за здравјето на Вашето потомство, вели Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.