„Вашите таканаречени мерки воопшто не вродија со плод и центарци речиси секојдневно дишат канцероген воздух.“

„Пробуваме да ги запреме плановите којшто беа донесени уште пред икс години, кога тука градоначалник бил од вашите редови.“

„Вака, сакам да го потсетам градоначалникот на општина Центар дека претходниот градоначалник, не знам дека бил од нашите редови. Не ме прекинувајте, ве молам.“

„Узурпирање на зелените површини направи токму егзекутивата која беше предводена од партијата од која доаѓа колегата советник.“

„Ние сега ќе разговараме што направил СДСМ или ВМРО, него ајде кажете тогаш да не бидеме популисти, кажете ваши предлози.“

„Терминот вонредна седница, дали вие воопшто знаете што значи терминот вонредна седница?“

„Вие прашавте зошто имаме сега, зошто да не ја ставиме во вторник.“

Вака два часа дискутираа советниците во општина Центар на вонредна седница со една точка на дневниот ред – загадувањето на воздухот. Во меѓусебното надвикување, не го слушнаа повикот за натпартиска дебата поради алармантните резултати во експериментот на нивната колешка од ДОМ, Бети Дејанова, професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.

Професор сум на Факултетот за медицина, повеќето од вас знаете. Прв пат се случува после 30-годишно работно искуство, случајно во лабораторијата каде што испитуваме интоксикација на лица, да добиеме 90 отсто од студентите дека се интоксицирани со цијаниди, односно роданиди во плунка. Ова не се случило последниве 30 години и можам да кажам за мене е ова алармантно. Сите се студенти од Скопје значи тука живеат и можам да ви донесам слики, бидејќи ги сликав сите епрувети и не ми се верува – како да работат во индустрија со олово. Сите добија такви вредности“, рече на седницата Бети Дејанова – советничка од ДОМ во општина Центар.

Целиот текст на 360 степени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.