Од вечерва започнува украсувањето на главниот град кое ќе продолжи и во наредните денови.Градоначалничка Данела Арсовска го раскина договорот со Линк Медиа склучен во октомври годинава и ги повика компаниите до донации да го украсат главниот град. Тендерот кој претходниот градиначалник Петре Шилегов го склучи со Линк Медиа чинеше 250 илјади евра

Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот – рече Арсовска на почетокот на месецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.