Противпожарната бригада на Град Скопје утрово информира дека во текот на вчерашниот ден биле примени примени 29 пријави за пожари на територијата на главниот град.
-Од нив 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа ЛАЖНИ. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово, велат во соопштението од скопската Пожарна.
Македонската влада, поради зголемениот број пожари, прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена.
Од вторникот, исто така на сила е целосна забрана за движење во шумските области во целата земја.
Десетици пожари горат во нашата земја, а според Центарот за управување со кризи (ЦУК), жариштата се активни во регионот на Битола, Струмица, Куманово и Штип, во источниот дел на земјата и на уште неколку места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.