Вчерашниот ден беше исклучително тежок ден за екипите на Пожарна Скопје, кои имаа 22 интервенции на територијата на Скопје, велат од Град Скопје, додавајќи дека најголем дел од интервенциите беа за запалена трева, а поголем пожар се случи во фабриката ОХИС.

Како што потенцираат, сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенираше со повеќе возила и пожарникари. Во моментов на територијата на Скопје нема посериозни пожари.

За жал, треба да се напомене дека во време кога низ целата земја се соочуваме со голем број на пожари, кои нанесуваат голема материјална штета, како и непроценлива штета на флората и на фауната, а имаме и човечки жртви, во текот на вчерашниот ден имавме и 7 лажни пријави на пожари.
Апелираме сите граѓани во овие тешки времиња да се однесуваат одговорно и да не го злоупотребуваат телефонскиот број 193, бидејќи во случаи со пожар секоја секунда е важна и истата може да загрози или да спаси нечиј живот, велат од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.