Би сакал како Скопјанец да поведам една иницијатива. Имено на сликата е Јован Поповски, хроничарот и новинарот кој преку весникот „Политика“ на светот му ја соопшти веста за катастрофалниот земјотрес – пишува на својот Фејсбук профил Бојан Василевски.
Понатаму во неговиот статус пишува:
Јован Поповски прв јавува за катастрофалниот земјотрес кој го погодил Скопје рано утрото на 26 ти јули.Во тие траорни први моменти после несреќата Поповски, наоѓа начин и токму преку телеграфскиот столб (бандера) кој го гледате на сликата јавува во белградска „Политика“ за ужасот.Е сега, овој столб се наоѓал веднаш позади дешната зграда на Владата на РСМ. Како дете дедо ми неколку пати ми кажувал за ова место, бидејќи живееа непосредно во близина.Овој столб стоеше долго таму. Остранет е кога се градеше новата ограда на владата. Би сакал ако може, немора истата,барем една слична,симболично да биде поставена на тоа место…Да симболизира за професионалноста и пожртвуваноста на новинарската фела, да сведочи за повикот за хуманост,за воскресението на Скопје.Столб на вистинските вести…
#ГрадСкопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.