Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје, упати поддршка и честитки до ракометарите, но и до градот за одлуката финансиска награда за спортските амбасадори на земјава.
Водејќи се од историската шампионска титула која Ракометниот Клуб Вардар ја издвојува, пожртвуваноста на ракометарите, нивната борбеност и исклучителен спортски квалитет Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје го честита историскиот успех на ракометарите и ја поддржува одлуката на Градот за финансиска награда на ракометарите, клубот Вардар и стручниот тим.
Советничката група смета дека е потребно доделување на сите државни признанија и привилегии кои ќе го вреднуваат ваквиот успех на вистинските амбасадори на Градот Скопје и Република Македонија.
Вардаровите ракометари се впишуваат со златни букви во нашата спортска историја, Скопјани имаат причина за славење. Вардар е нашата гордост!, напиша на Фејсбук советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.