Градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук информира дека повторно се одложува полетувањето на авионот на македонските ракометни херои.
Авионот со ракометарите на Вардар ќе тргне од Келн во 18.00 часот, па се пчекува да слетаат во 20.30 часот.
Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот.
И покрај доцнењето, за кое се вели дека е поради „административни причини“организирана прослава на плоштадот „Македонија“ сепак ќе има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.