Како ништо повеќе од низа празни зборови звучат ветувањата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов ако се слушнат неговите изјави од изборната кампања во 2017 кога им велеше на скопјани дека „ќе го направи градот европска метропола“. Резултатите на терен многу појасно од сите најавени ветувања и планови покажуваат дека изминативе 2 години е направено многу малку во областите во кои Скопје требаше најмногу да напредува.

Скопјани никако да ги дочекаат намалувањето на аерозагадувањето, зелените покриви, поврзувањето на бројни сообраќајници, мостови преку Вардар, тунели под Кале, „спуштени раскрсници“, олеснето паркирање и уште многу други работи кои градоначалникот на СДСМ ги ветил пред две години.

Наместо сите овие проекти, кои и денеска може да се слушнат на видеото од неговата кампања, скопјани можеа да го видат Шилегов како брка таксисти од пред Сити мол и како објавува туѓи матични броеви и лични податоци на ФБ.

Како што може да се слушне на видеото погоре, градоначаникот меѓу другото ветува и дека ќе се уреди кејот на Вардар, но жителите на главниот град се сведоци дека состајбата на реката во Скопје е очајна.

Вардар деновиве дури и пожолте, а забележан е и помор на риби по течението на реката од населбата Аеродром до Трубарево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.