Од есен во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници валидатори ќе бидат поставени и на задната врата. Ова се предвидува со договорот кој ЈСП „Скопје“ го склучи со „Македонски Телеком“ за надградба на системот за електронска наплата, воведување билет за едно возење, како и изработка на андроид апликација за подобрување на услугите кои ги нуди јавното претпријатие.
Договорот е во висина од 2,2 милиони евра, а новите поволности за патниците целосно да бидат имплементирани за 4 месеци.
Дел од јавната набавка е и подготовка на нова андроид апликација за паметни телефони, со чиешто користење граѓаните ќе можат сами да ја надополнуваат картичката „Скопска“, но и постојано да имаат увид колкава сума имаат на нивната сметка.
(Извор – СДК.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.