Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, најави дека во зависност од епидемиолошката состојба ќе се преземаат мерки за намалување или за евентуално зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките.
Шахпаска истакна дека бројката на вакцинирани вработени во скопските градинки е повеќе од 65 проценти.
Во јаслените групи до две години бројот на дечиња е 15, а на групите од две до шест години изнесува 20. Согласно епидемиолошката состојба, така и ќе ги креираме протоколите, односно ќе преземаме мерки за намалување или за евентуално опуштање на бројките. Заради годишните одмори само околу 8.300 дечиња се присутни во градинките, а протоколот дозволува сместување на 25.600 дечиња – изјави Шахпаска.
Министерката информираше дека на состанок со директорките на скопските градинки во пресрет на почнувањето на новата училишна година, кога се очекува зголемен бројот на дечиња во градинките, е разговарано за подготовката на градинките за почетокот на идната школска година и нивното зголемено присуство во градинките, доследното почитување на протоколите, за процентот на вакцинирани вработени во градинките и други теми.
Шахпаска најави дека ќе организираат средба преку зум платформата и со другите директори на градинките.
Таа упати апел до невакцинираните вработени во градинките, да се вакцинираат, затоа што, како што рече, нивната одговорност е особено значајна.
Прво, се грижиме за сопственото здравје, за нашиот имунитет, меѓутоа придонесуваме за чување на јавното, општото здравје со доследно почитување на протоколите на здравствените власти кои што говорат дека пациентите, односно граѓаните кои и покрај вакцинацијата успеале да бидат позитивни на корона вирусот, имаат поблага клинична слика – изјави Шахпаска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.