Детскиот културен центар „Карпош” и Град Скопје в понеделник на плоштад Македонија организира детска журка Априлијада „Скопје се смее”, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на Град Скопје.

Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ “Карпош”, “Златно славејче”, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фотоѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен, Бетмен. Многу насмевки за децата и музички дел со мото “од дете за дете”. Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди во својата категорија, тоа се децата со Даунов синдром од „Трисомија 21”. Годинава објавуваме конкурси до основните училишта за најдобра маска и карикатура за кои следуваат дипломи, се вели во соопштението на ДКЦ „Капрош“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.