Продукцијата „Скопје Филм Студио“ ја известува јавноста дека во периодов се работи на снимање на нов долгометражен игран филм со работен наслов „Хомо“ во режира на Игор Иванов, чија продукција е поддржана од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија, како проект од национален интерс од филмската дејност.

Филмот се снима на повеќе локации низ Град Скопје.

Од Продукцијата известуваат дека на ден 07.04.2019 година (недела) на Бул. „Видео Смилевски – Бато“ во периодот од 10-17 часот сообраќајот ќе се одвива со посебен режим на сообраќај и истиот ќе биде стопиран и пренесочуван кон околните улици со повремени пропуштања на возилата.

Воедно ја известуваме јавноста дека во сцената која ќе се снима на оваа локација, ќе се употребат специјални филмски ефекти со кои ќе биде симулирана експлозија на рачна бомба. Ги замолуваме граѓаните да ја ибегнуваат оваа улица во наведениот период, се вели во соопштението од Скопје филм студио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.