Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 03.12.2021 година, во просториите на општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенции за купување на печки на пелети на граѓаните на општина Гази Баба во висина од 536.600 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.
Пред присутните се обрати градоначалникот Стефковски, кој истакна дека за следната година средствата во буџетот за субвенции за печки на пелети ќе се зголемат на 1.500.000 денари, додека за прв пат општина Гази Баба од следната година ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети, чистење на оџаци и вградување на уреди за гас на автомобили.
Сите овие мерки и проекти се во насока на намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.
Денес ги доделивме решенијата за субвенции на печки на пелети за 2021 година на жителите на општина Гази Баба во висина од 536.600 денари, средства од буџетот на општината. За следната година во буџетот, средствата за субвенции за печки на пелети ги зголемуваме на 1.500.000 денари. За прв пат во општина Гази Баба следната година воведуваме субвенции за граѓаните за велосипеди, тротинети, чистење оџаци и вградување уреди за течен гас на автомобили, рече Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.