Град Скопје утрово го почна вонредното прскање против комарци во Скопје.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчера изјави дека против комарци прскале и пред десетина дена и предупреди дека зачестените интервенции се опасни по здравјето на граѓаните.
Ако прскањето е зачестено, може да го загрози здравјето на граѓаните, што навистина мислам дека треба да се има во предвид. Токму тоа беше причината што имавме пауза од десетина дена – кажа Шилегов.
Со денешното авионско прскање биле опфатени над 10 илјади хектари и 54 жаришта на комарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.