Љубителите на планинарскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“.
Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на „Прв до врв“.
Натпреварот ќе почне во 10 часот од полициска станица Водно, секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди, а учеството е бесплатно.
Новата планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно. За да се зголеми безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари.
Проектот за уредување на оваа планинска вело-патека на Водно се реализираше во соработка и е кофинансиран од Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.