Градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференцијата најави дека утре продолжува „дислоцирањето“ на галијата кај „Холидеј ин“.

Ова следува откако Градот Скопје ја доби правната битка по жалбата од управата на галијата, по тоа што судот најпрво изрече времена мерка за нејзино уривање, а потоа ја уважи жалбата на Град Скопје да се продолжи со отстранување на бродот од коритото на Вардар.

Отстранувањето на галијата започна на 5 април годинава со вадење на инвентарот од галијата од страна на извршители, а управителот на бродот, Жарко Миленковски рече дека ќе ги искористи сите правни механизми за да спречи да се урне објектот и да се направи штета од 1,2 милиони евра.

Град Скопје го раскина договорот со управата на галијата бидејќи сопственикот со месеци не плаќал закупнина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.