Согласно одлуката на Владата на Република Македонија утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје, Министерството за образование и наука известува дека оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта кои се наоѓаат на територијата на Град Скопје.
Дополнително јавноста ќе биде информирана кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден, а кој ќе се однесува и на училиштата на територијата на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.