На 17 и 18 септември под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Театарот за деца и младинци ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи Статуафест – Скопје на улица, на ул. Македонија во Скопје.
Ова е петти јубилеен Статуафест кој Teatrosk го поставува на улиците на нашиот глевен град попознат е како Градот убав. На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти од причина што основна цел на нашата театарска компанија за улична уметност е да создадеме пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали, доминантно акцентирање на домашната продукција, па дури потоа следува селекцијата на оние артисти кои доаѓаат од другите земји ширум Европа и светот. Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на Статуафест ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност бидејки интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира артистите овој пат ќе бидат во сосем различни улоги. Темата на овогодинешниот Статуафест – Другото лице на улицата е „Скопје на улица“ односно што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град, во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност.
Скопје е Љубов
Скопје е џез и блуз
Скопје е театар и филм
Скопје е книга (никогаш завршена)
Скопје е незадлжителна прошетка
Скопје е возење тротинет и велосипед
Скопје е прегратка
Скопје сме ти и јас седнати на клупите во градскиот парк
Скопје е поезија
Скопје е боемски град
Скопје ги има најлегендарните урбани ликови
Скопје е Вардар
Скопје е фудбал на мали голчиња у маало на цименто
Скопје се сите мостови кои не’ спојуваат сите заедно во него
Скопје се липите кои цутат на пролет
Скопје е цвеќињата кои насекаде расцутуваат
Скопје ја има најоткачената и најкреативната младина
Скопје е графити и мурали на улица
Скопје е уметност
Скопје е се’ што имаме
Скопје радост ти ќе бидеш!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.