Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец.
Советниците едногласно донесоа одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Со одлуката, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации.
Градоначалникот Филип Темелковски во своето обраќање изрази жалење за смртта на Билјана Беличанец која како што кажа беше успешен градоначалник. Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.