Уставниот суд повторно донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар. Одлуката ќе важи додека Уставниот суд одлучи дали мораториумот е донесен согласно Уставот.
Со ова повеќе не важи забраната за градење и инвеститорите може да бараат дозвола за градба.
Иницијативата за укинување на мораториумот е поднесена од двајца граѓани од Охрид.
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека Општина Центар даде навремен и соодветен одговор со кој ја оспори истата како неоснована.
Цениме дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со Генералниот урбанистички план како план од повисок ранг. Одлуката што Општина центар ја има донесено на 27 март 2019 година не е во спротивност на важечките прописи и таа има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот, појаснува Богдановиќ на Фејсбук.
Тој вели дека просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќаа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации.
Тоа има за цел да го обезбеди и да го заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен. Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките. Општина Центар останува доследна и посветена при спроведувањето и реализацијата на деталните урбанистичките планови во интерес на граѓаните и Општината, додава Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.