Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги повикува невладините организации и сите заинтересирани граѓани утре во 12.00 часот да ја посетат компанијата, со цел да им покаже дека работи по највисоките домашни и ЕУ стандарди и дека се грижи за заштита на животната средина.

Во последно време сѐ повеќе е актуелна темата за употреба на алтернативните горива добиени од фракции од отпад и импликациите врз животната средина. Во услови на разбирливо голем интерес кај граѓаните за севкупната состојба со животната средина, за жал, во јавноста се појавија шпекулации и неточни информации во врска со оваа тема и нашата компанија, се наведува во соопштението на УСЈЕ.

Разбирајќи ја загриженоста на граѓани, компанијата ги повика заинтересираните да ја посетат за на лице место да им ги стави на располагање фактите за нејзиното работење по највисоките домашни и ЕУ стандарди и за грижата за животната средина во која, како што се истакнува во соопштението, УСЈЕ континуирано и посветено инвестира, како е еден од столбовите во сите сфери од нејзиното деловно работење.

Истовремено, за нас ќе биде исклучително драгоцено директно да ги чуеме ставовите на невладините и граѓански организации и да имаме можност на нив аргументирано да одговориме, се додава во соопштението на Цементарница УСЈЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.