Уште не е избран претседател на Советот на Општина Центар, бидејќи ниту една партија нема мнозинство. Советот работи со претседавач, односно седниците ги води најстариот советник. Седницата вчера ја водеше најстарата советничка Виолета Велковска од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Општина Центар не прецизираат кога ќе се изборе претседател на Советот и зошто тоа досега не е направено.
Во Советот на Центар ниту една политичпка партија нема мнозинство и токму поради тоа не може да се постигне договор. Досега не е најавено ниту коалицирање. Најмногу советници, 9, има СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има 8 и по три независната листа на граѓани „Шанса за Центар“ и Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.