Реконструкцијата на улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало се повеќе станува легендарна.

Градежните работи веќе долго време никако целосно да завршат, а веќе почна да се распаѓа тоа што досега е направени.

Фотографии направени деновиве, покажуваат дека асфалтот околу новите шахти на делот од улицата што е завршен, на потегот кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, се распаѓа.

Поради ваквата фушерајска и неквалитетна изведба, се отвораат дупки околу шахтите што претставуваат сериозна опасност за некој пешак или велосипедист да биде повреден доколку не ги забележи и згазне на нив.  

Реконструкцијата на „Орце Николов“ претходно предизвика гнев меѓу граѓаните откако при градежните работи беа исечени здрави и долгогодишни дрвја на улицата.

Ваквите случувања за време на реконструкцијата се во спротивност на најавите што градските власти ги дадоа при најавата на почетокот на работите, кога градоначалникот на Скопје, бомбастично се пофали дека „Орце Николов“ ќе станела модерна и безбедна улица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.