Дејан Павлески, актуелниот директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот поднел кандидатура за градоначалник на Аеродром.

Павлески беше претседател на Комисијата за локална самоуправа на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатите осум години.

Ова е трета кандидатура за градоначалник на скопската општина, откако Александар Филиповски и актеулениот градоналник Златко Марин објавија на фејсбук дека поднеле кандидатури за градоначалник од СДСМ. И обајцата тврдат дека ја имаат поддршката од многуте членови на месните комитети.

Спремен сум по завршување на партиската постапка и сондажа на јавното мислење да влезам во нова битка и да ја предводам општина Аеродром да биде не само најдобра во државата и регионот, тука да се мери со европските општини по квалитетот на живот на своите граѓани. Тоа го заслужуваме, вели Павлески.

Рече дека очекува поддршка од неговите сопартијци и од сограѓаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.