Утре и во среда ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Секторот за внатрешни работи Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје поради официјална посета на делегација предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги дава полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.