Сè повеќе артисти се приклучуваат кон гласните реакции на јавноста за иднината на Универзална сала.

Како некој чија кариера започната токму тука, пејачката Андријана Јаневска за „Вистина“ порача:

Мојот прв настап беше во Универзалната сала. Таму ја започнав кариерата, дебитирајќи на Скопскиот фестивал. По природа сум тип на човек кој сака да гради, а не да руши и сигурна сум дека може да се најде решение оваа сала повторно да функционира, оттука, каде што е од истата локација, изјави Јаневска.

Познатиот македонски фолклорист, Стефче Стојковски кој многупати настапувал во „Универзлна сала“, исто така жестоко се спротиставува на уривањето на салата. Во неговата изјава за „Вистина“ вели дека градењето е доблест а уривањето особено на еден ваков култен културен објект е знак на творечка и духовна немоќ.

Мојот личен став во врска со најавите за рушење на Универзална сала е дека доколку таа се сруши, ќе се сруши еден солидарен подарок, донација од 30-тина држави како хуманитарна помош за овој културен објект јој изграден после земјотресот. Ќе се срушат спомените од моето детство, спомените од моите настапи со познатите македонски музички легенди, Васка Илиева, Вања Лазарова, Александар Сариевски и многу други… Доблест, големина, белег на една нација е да се сочува, надгради или возобнови веќе изграденото, или да се изгради ново поубаво од постоечкото. Да се руши , да се урива, да се уништува, разурнува, по мене е знак на дестимулација, слабост, очај, безидејност и творечка духовна немоќ, заклучува Стојковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.