Во мај годинава ќе биде прва годишнина откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов и тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски потпишаа писмо со намери, со кое ја договорија реконструкцијата на Универзална сала. Како што најавија тогаш, работите годинава веќе требаше да бидат започнати. Односно да се во полн ек. Но ништо од тоа. Состојбата на салата и е уште полоша отколку што беше пред година: пропаѓа покривната конструкција, прозорците, ѕидовите…, а Шилегов дури на фестивалот „Златно славејче“ му вети дека 50-годишниот јубилеј од постоењето, ќе го прослави догодина во целосно обновената сала.
Ќе се забрза ли почетокот на реконструкцијата или се ќе си остане само на ветување?
Засега нема термин за кога обновата е пролонгирана.
Во меѓувреме, Алаѓозовски е сменет од функцијата и на негово место дојде нов министер Асаф Адеми, кој досега не кажа дали планира да го исполни она што е содржано во писмото за намерите. Всушност, веќе станува јасно дека тие сакаат финасирањето да му го препуштат на Градот Скопје иако со писмото беше договорено тоа да оди заеднички. Изградбата веќе не ја споменува ниту скопскиот градоначалник.
Писмото со намери се уште стои во некоја фиока и кој знае кога и дали ќе биде прочитано…
Извор Скопско ехо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.