Во паркот во скопско Ново Лисиче кај последната станица на автобуската линија 5, уништен е еден од новите летниковци. Синоќа, дрвената маса поставена во летниковецот е откорната и потоа запалена во паркот.

Вложиле голем напор да откорнат забетонирана маса од летниковец, но тоа не било доволно, па ја запалиле заедно со пластична канта за ѓубре“, велат жители на Ново Лисиче и бараат инспекторите од Град Скопје да бидат поефикасни во казнување на несовесните граѓани.

Се уште чади! Ноќеска ја откорнале масата од еден од летниковците во паркот во Ново Лисиче. Петре Шилегов и Град Скопје, време за редарски служби и огромни казни!

Posted by Radovan Rasho Vujović on Saturday, 13 February 2021

Ова не е првпат низ Скопје да се палат летниковци. Лани беше запален штотуку поставен летниковец во парк шумата Гази Баба. Постојано низ скопските улици се палат и контејнери, но досега никој не е казнет.

Од Град Скопје велат Министерството за внатрешни работи треба да казнува и да ги фати сторителите.

Лани есента Град Скопје и скопските општини формираа заедничка инспекциска служба и како што рече тогаш градоначалникот Петре Шилегов целта е поефикасна работа и казнување на прекршителите.

фото: Радован Вујовиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.