Годишнина од смртта на Есма Реџепова-Теодосиевска!Денес, заедно со делегација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посетив гробот на кралицата на ромската песна, Есма Реџепова-Теодосиевска жена голем амбасадор на Македонија, жена хуманист! За жал денес кога е денот на нејзината смрт, ние бевме единствените кој положивме свежо цвеќе на нејзиниот гроб. Државата го има целосно заборавено ликот и делото на Есма.
И денес кога е годишнина од нејзината смрт, како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ јавно се обврзувам дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го издигне ликот и делото на Есма, ќе изгради достоинствено вечно почивалиште и нема да дозволи никогаш да се заборави Есма!Бог да ја прости и нека почива во мир!-објави претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.