Умре една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина. Како што велат од Зоолошката градина, жирафата Тобого, ненадејно угинала вчера, а денеска ѝ била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди.

Во наредните денови ги очекуваме целосните резултати за причината за угинувањето на Тобого. Жирафата Тобого, заедно со Каспер и Флопи, беа меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување – велат од Зоолошката градина.

Тобого е роден во Франкфурт, Германија во декември 2010, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.