Во петок (24 декември) ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, соопшти ЕВН Македонија АД.
Без електрична енергија во периодот од 08 до 15:30 часот ќе останат семафорите на раскрсницата кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата „Мирче Ацев“, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.
од скопското Јавно претпријатие „Улици и патишта“ бараат полицијата да не дозволи да настане сообраќаен колапс како што беше случај на почетокот на декември.
Причината за неработењето на семафорите велат од претпријатието е што ЕВН најавила дека во тој период од денот ќе нема струја.
„По најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на утрешниот ден од 8 до 15:30 часот ги повикуваме надлежните за регулирање на сообраќајот односно МВР да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, бараат од Улици и патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.