Улицата „Мирослав Крлежа“ поранешна („Ѓуро Ѓаковиќ“) во населбата Дебар Маало која минува покрај Министерството за култура, десно од улицата „Орце Николов“ која се реконструира во моментов, ќе биде пренаменета во пешачка и во резиденцијална зона.

Општината веќе распиша тендер за избор на фирма која ќе го реализира проектот. Како што е наведено во тендерот, ќе се реконструира коловозот на улицата во должина од 500 метри и широчина од 17 метри, односно зафаќа вкупна површина од 8.500 квадратни метри, ќе се постави ново улично осветлување, нова урбана опрема, но и ќе се изведат мали атмосферски канали.

Изведбените работи ќе започнат на крајот на октомври, најдоцна на почетокот на ноември годинава, а улицата ќе биде готова во април, или мај 2022 година. Реконструкцијата ќе ја чини општина Центар 62 милиони денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.