Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово, зад Трговскиот центар „Скопјанка“, во правец кон Железничката станица.

Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Од идната недела ќе почне воспоставувањето на новиот сообраќаен режим и на улиците во населбата Лисиче, со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, што ќе овозможи зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.