Изминативе денови се украдени повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел. Станува збор за садници кои се засадени во рамки на акцијата за садење над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари оваа есен во Скопје.
Како што соопштија од град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санирале штетата и посадиле нови дрвја на истата локација.
Како што велат од градскта администрација, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.