Пожарот во скопската фабрика „Охис“ е изгаснат, информираше преку „Фејсбук“ градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски.

Од запалена сува трева огнот го зафати објектот на управната зграда на фабриката Биљана. Противпожарните единици на град Скопје го локализираа пожарот и состојбата е под контрола. Не постои никаква опасност од натамошно ширење на огнот, напиша тој.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, исто така порача дека ситуацијата е под контрола.

Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, порача тој.

Еден од пожарникарите кои се справувале со пожарот е однесен на Клиниката за токсикологија, бидејќи му се слошило од вдишаниот чад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.