Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски на Фејсбук објави дека Училиштата добиваат опремување на кабинети со нагледни средства преку МОН.
Препознавајќи ја важноста од изучување на природните науки, а со цел унапредување на образовниот процес во основното образование, Министерството за образование и наука пред еден месец презема активности за опремување на по еден кабинет во секое од шесте училишта во Ѓорче Петров.
Во просториите на општината денеска беше организиран координативен состанок на кој се разговараше за начинот на дистрибуција на нагледните средства во кабинетите што ќе ги користат наставниците и учениците-објави градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.