Министерот за образование Арбер Адеми на Фејсбук објави дека се променети имињата на две училишта во Чаир – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“.

Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите се уште стоеја старите називи

Адеми ги објави и документите од Централниот регистар.

Откако ги потпишав потребните документи, прашањето со имињата на на училиштата во Шаир конечно е затворено“, напиша Адеми на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.