Денеска во близина на Спортската Сала “Шабан Трстена“ во Чаир (наспроти Поликлиника – Чаир), Општина Чаир и Организацијата “Centre for Common Ground” ќе реализираат проект за спречување на насилниот екстремизам.

Овој пат учениците на деветто одделение на основните училишта заедно со нивните наставници по Ликовно Образование ќе извршат уметничко цртање на некои од трафо станиците на територија на Општина Чаир, бришејќи ги графитите кои содржат говор на омраза. На настанот ќе биде присутен Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и раководството на организацијата на Centre for Common Ground, соопштија од службата за информирање на Општина Чаир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.