Од тврдење дека е невозможно Шилегов соочен со огромен пораз почна да копира проекти на Данела, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по ветувањата за бесплатен јавен превоз за пензионерите од страна на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Проектот бесплатен јавен превоз е проект на Данела Арсовска, а Шилегов со ветувањето за бесплатен превоз само копира.

Шилегов во првиот круг од изборите велеше дека проектот е невозможен, а сега дел по дел копира.

Не само што е возможен проектот за бесплатен јавен превоз за сите скопјани, туку и возниот парк на ЈСП ќе има 250 нови еколошки автобуси.

Шилегов ќе има можност од 31 октомври натака да гледа како се работи за Скопје, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.