Голем број родители со деца, без воопшто да се почитува мерката за одржување растојание, се туркаа за да дојдат до Дедо Мраз и добијат бесплатно пакетче во скопската Зоолошка градина.

Делењето пакетчиња беше во рамки на предновогодишното случување „Новогодишна бајка“, најавено на официјалната фејсбук страна на Зоолошката, каде што ги повакаа родителите и децата на новогодишна претстава со Дедо Мраз.

Во најавата стоеше дека настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено, а носењето маска е задолжително.

Сепак, тие правила не се испочитуваа па Дедо Мраз беше опкружен од река деца и родители натискани еден до друг.

Ова е трета година по ред како Зоолошката градина во Скопје, во пресрет на Новата година, приредува предновогодишна претстава за најмалите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.