Скопје е добар домаќин но туристите во него не се чувствуваат баш пријатно. Збунети прашуваат зошто не работат фонтаните , каде да одат во тоалет и зошто нема повеќе корпи за отпадоци на градскиот плоштад. Одговорите на овие прашања не можат да им ги дадат ниту туристичките водичи кои и покрај се, се трудат да го претстават градот во најдобро светло.
Водичите се жалат на условите, дупки по улиците, проблеми со јавниот превоз, нечистотијата. Токму поради отпадоци и смет ја прескокнуваат и Матка како туристичка дестинација. Во центарот на градот пак стравуваат за туристите бидејќи тие често се на мета на уличните кучиња.
Отпадоците се честа гледка во центарот на Скопје. Дупките се крпеа пред посетата на Папата. Пуштањето на фонтаните доцни бидејќи имало најави за невреме и дождови. Директорот на Водовод е надлежен за нив и вети дека ќе бидат пуштени до крајот на неделата а за нивно одржување ќе плати и приватна фирма.
Погледнете ја целата сторија на Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.