ВМРО ДПМНЕ ОК Карпош попладнево одржа еко протест во знак на поддршка на амандманот со кој се предлага санација и ремедијација на парк-депонијата во втората заштитна зона на бунарското подрачје Нерези – Лепенец во Општина Карпош.
Пред карпошани изјава даде пратеничката Гордана Силјановска Давкова, подосителка на амандманот.
Мене ме интересираат најгорливите проблеми, бидејќи екоцидот зема замав во Македонија. Се разбира дека свесна бев за голема опасност, поднесов амандман со колегата Пренџов, сумата не е фантастична за добробита на граѓаните, 180 милиони денари односно 3 милиони евра. Со напомена, како што велат нашите луѓе, не може да биде озгора мазно оздола азно, оти слушаме промоција за парк – одлично е тоа меѓутоа, не може парк да никне над депонија. Прво треба депонијата, особено што го загрозува сиот свет не само нашето здравје туку и растителниот свет, а најмногу водите, бидејќи се работи за бунарското подрачје, Лепенец и Нерези, очекував прво да се справи со шутот со отпадот, да го излекува значи земјиштето, па потоа на него да никне здрава шума. Се разбира амандманот беше одбиен, но јас ова повторно ќе го афирмирам за време на пленарната седница ќе апелирам до совеста на оние кои одлучуваат, во случајот пратениците, бидејќи заменик министерот не го прифати, но мислам дека гласноста и вашата поддршка е многу важна. Се надевам дека ќе соберат сила да ја исправат грешката и искрена да бидам според она што го видов она што го чув, не очекувам дека животната средина им е најважна, како и нашето здравје се разбира, рече таа.
Сите граѓани знаат дека тука направија криминал, дека тука правеа пари на сметка на нашето здравје. Тука затрупаа еко бомба. Ветуваа парк, а создадоа депонија. Сите знаат дека противзаконски се се полнат џебови на сметка на уништување на животната средина и ризикот по нашето здравје, рече Тони Јаревски од општина Каропш.
Жителите на овие згради околу нас, во сред полициски час пролетта беа сведоци на едно злосторство. Немоќни ги гледаа стотиците камиони што увезуваа песок и чакал, и синхронизирано камиони кои истураа секаков отпад и шут. Денес благодарејќи на дискусијата во Собранието знаме дека Шилегов и Богоев се лицата што стојат позади оваа катастрофа, рече тој.
Протестот се одржа на крстосницата на бул. Илинден и ул. Љубљанска!
На Карпош му се заканува еколошка катастрофа! Да се слушне нашиот глас, да се отстрани Еко бомбата во „Парк Депонијата“ бунарско подрачје Нерези-Лепенец! Бараме веднаш да се отстрани Еко-Бомбата од втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец! Прифатете го амандманот и започнете со санација на канцерогениот отпад.
Жителите на Скопје имаат право на чиста вода! Направете парк, а не депонија, испратија порака карпошани вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.