Правда… знаејќи каква е состојбата во државата се може да се очекува“, вели Ване Зафироски за „.360 степени“.

Смртта на Билјана Зафироска предзвика неколкудневни протести на жителите на Железара кои бараат мерки за поголема безбедност на пешаците

Само минатата година, животот го загубиле 20 пешаци а 151 биле тешко повредени

Исклучителна жена со ведар дух, која не ја соборувале ниту најтешките животни предизвици, вака Ване Зафироски ја опишува својата сопруга, Билјана Зафироска, која на 15-ти месецов беше прегазена од возило „ауди 5“ на улицата „Коце Металец“ во скопската населбата Железара. Билјана зад себе остави две дечиња, 13 годишниот Владимир и 11 годишниот Петар, дете со пречки во развојот.

Нејзиниот сопруг ја опишува Билјана како вистински борец. Се грижела за семејството, за децата, другарувала, била активна на многу групи на социјалните мрежи, работела во дејноста продажба на автоделови и успевала да балансира меѓу сите тие ангажмани. Несреќата во која ненадејно и згасна животот потресе многу нејзини пријатели, но и жителите на Железара, кои се дигнаа на протест. Нејзиното семејство се уште е во шок од трагедијата што се случи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.